Забавен растот во кинеската индустрија

Активностите во кинеската економија забавија во април поради слабеењето на извозот кој го притисна анемичната странска побарувачка, објави во вторникот банката HSBC.

Прелиминарниот индекс на менаџери за набавка за кинескиот индустриски сектор во овој месец падна на 50,5 поени, од конечните 51,6 поени во минатиот месец.Берзите будно го следат овој индекс, сметајќи го за доверлив показател за здравјето на економијата. Вредноста над 50 поени укажува на раст на активностите, а оние под оваа граница на пад на активностите.Конечната вредност на индексот за април ќе биде објавена на 2 мај.„Новите извозни нарачки се намалија по привременото закрепнување во март, сугерирајќи дека надворешната побарувачка за кинескиот извоз и натаму е слаба“, констатира економистот на HSBC, Кју Хонгбин.„Се очекува силна реакција на Пекинг заради одржување на економското закрепнување засилено со настојувања во наредните месеци да се поттикнат домашните инвестиции и потрошувачка“, вели Хонгбин.Минатата година кинеската економија порасна 7,8 отсто, најбавно темпо во 13 години, поради слабата домашна и надворешна побарувачка.
Макфакс
Активностите во кинеската економија забавија во април поради слабеењето на извозот кој го прит

Пронајдете не на следниве мрежи: