Ана Николиќ, според пишувањата на сропските медиуми, поднела барање за старателство над ќерката Тара која пред една година ја доби со раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.
Медиумите наведуваат дека односот меѓу овој популарен пар не се подобрил и единствен начин преку кој тие комуницираат се адвокатите и судот.
Се шпекулира дека Ана бара ќерката да и припадне во целост, додека Раста би можел да ја гледа повремено, зависно од одлуката која ќе ја донесе судот.
Пејачите не се огласија во врска со овие информации, а нивниот адвокат не сакал да открива никакви детали.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.