Зеленски им се обрати на светските лидери: „Путин мора да чувствува страв, не се доволни само зборови – потребна е акција“

Володимир Зеленски, во своето видео обраќање преку ноќ, ги повика светските лидери да „одговорат цврсто и одлучно“ откако Русија во четвртокот истрела експериментална балистичка ракета способна да носи нуклеарни боеви глави врз украинскиот град Днипро.Украинскиот претседател изјави претходно дека му наложил на својот министер за одбрана да се сретне со западните партнери за да обезбеди ажурирани системи за воздушна одбрана „способни да заштитат животи од овие нови закани“.Тој рече дека е благодарен на сите што одговориле на овој „последен чин на руско лудило“, но дека „ самите зборови не се доволни – потребна е акција“ .– Светот мора да одговори цврсто и решително за Путин да почувствува страв од проширување на оваа војна и да се соочи со вистинските последици од своите постапки. Вистинскиот мир може да се постигне само со сила – нема друг начин – рече Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи: