Капчиња за нос: Ова е идеално решение за најзимурливите

Овие денови не ни недостасува сонцето, и ќе нè дружи уште малку, но есента веќе еднаш нè облече во топло плетиво и без нималку сомнеж тоа ќе го направи пак, а и зимата полека се приближува.
Ладните денови не можеме да ги прескокнеме, а со самото тоа е неизбежно на улиците да гледаме луѓе кои се облечени со по неколку слоеви облека, за да се стоплат.
Меѓутоа, постои тој еден дел од телото кој на повеќето од нас и покрај многуте слоеви облека, повторно е ладен и црвен.. Тоа е носот.


Но, на пазарот постои производ кој би требало да стави крај на проблемите со замрзнатиот нос. Се работи за грејач за нос, кој го има во разни примероци и кој може да го усогласите со сите модни комбинации.
Зошто на нашиот нос му е ладно дури и кога остатокот од телото е загреан?
Кога температурите ќе се спуштат, телото ја пренасочува крвта далеку од екстремитетите, кон нашите витални органи, за да се осигура дека им е доволно топло и дека нормално функционираат. Поради намалената количина на крв, на прстите и на носот постојано ни е ладно.


Ситуацијата дополнително се комплицира доколку предвид се земе и мислењето на научниците од Универзитетот од Нотингем, кои спровеле истражување кое покажало дека носот е поладен кога ние сме премногу облечени и фокусирани на тоа што го правиме.
Во секој случај, ладниот нос не би требало да биде проблем, благодарение на необичниот моден додаток, кој за почеток ќе го одберат малку похрабрите или оние најзимурливите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.