МКФ ќе го организира „Фајнал Ејт“ турнирот

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), ќе биде организатор на завршниот турнир во Купот, во машка конкуренција, додека организатор на завршниот турнир кај дамите ќе биде ЖКК Клубски од Делчево.

Според претседателот на МКФ, Даниел Димевски, точното место на одигрување на Завршниот турнир од машкиот Куп ќе биде соопштено на денот на официјалното извлекување на двојките, односно до крајот на наредната седмица. Димевски информира дека покрај Скопје, во конкуренција, за организација на „Фајнал Ејт“ турнирот, во машка конкуренција, се уште неколку градови од внатрешноста на Македонија. Завршниот турнир во Купот во машка конкуренција ќе се одигра од 28. до 31. март, а ќе учествуваат МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово, Работнички, Струмица и Вардар. Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром, додека најтрофеен тим во историјата на ова натпреварување е Работнички. Што се однесува до Завршниот турнир во женскиот Куп, ЖКК Клубски од Делчево беше единствениот пријавен на јавниот конкурс, со што ја доби организацијата по почетната цена. Така, полуфиналните натпревари и финалето кај сениорките, заедно со финалето кај младинките, втора година по ред ќе се одржуваат во салата „М.М.Брицо“ во Делчево. Турнирот ќе се игра на 7. и 8. април, а ќе учествуваат Вигор Скопје, Клубски, Кросиг и Бадел 1862. Бранител на трофејот од лани е Вигор Скопје, а истата екипа е и најтрофејна во натпреварувањето.
Макфакс
Македонската кошаркарска федерација (МКФ), ќе биде организатор на завршниот турнир во Купот, в

Пронајдете не на следниве мрежи: