Моден фенг шуи: Која облека создава лоша енергија?

Фенг шуи вели дека облеката што ја носиме има одредена енергија и може да има значително влијание врз нашиот живот. Можеби звучи неверојатно, но наше е да ве предупредуваме.
Моден фенг шуи: Која облека создава лоша енергија?
1. Стара и растегната облека
Според фенг шуи, старата и растегната облека има силна негативна енергија, а тоа е многу логично. Истегнатата облека може да доведе до сиромаштија, проблеми со финансиите, конфликти на работа, неуспех во работата и затоа навреме треба да се ослободите од неа. Покрај тоа, фенг шуи не фаворизира стара облека, со излитени рабови или искинати колена. Експертите веруваат дека тоа може да предизвика голема штета врз вашата аура.


2. Црна облека
И црната облека привлекува негативна енергија. Експертите велат дека темните нијанси може да влијаат не само на психата, туку и на општата физичка состојба на телото. Тие привлекуваат депресија и осаменост, предизвикуваат чувство на замор, поспаност и вознемиреност. Се разбира, нема потреба целосно да се откажувате од црната облека. За да создадете рамнотежа, само додајте неколку светли детали.
3. Животински принт
Поддржувачите на фенг шуи веруваат дека животинскиот принт игра важна улога кај облеката. Тие советуваат да се откажете од облеката на која има ликови од диви животни затоа што веруваат дека овој принт може да ја направи личноста напната, агресивна и немирна. Добра аура се поттикнува со облеката со растителни и природни мотиви – цвеќиња, лисја и употреба на природни материјали.
4. Облека со риги
Ригите, исто така, може да имаат негативно влијание врз вашата благосостојба. Линиите се пресекуваат низ енергетските зони и со тоа ја нарушуваат хармонијата во организмот. Тоа може да резултира со различни проблеми: од помал застој во работата до поголеми загуби.
5. Геометриски форми
Од истата причина се обидуваме да ја избегнеме облеката со геометриски форми. Круговите, триаголниците, квадратите и посложените фигури прикажани на ткаенината ја ограничуваат енергијата. Што добиваме како резултат на тоа? Слабост, замор, недостаток на идеи и инспирација, невнимание и апатија.
6. Асиметрија
Облеката со изразена асиметрија, исто така, се смета за неповолна бидејќи наводно го нарушува енергетскиот биланс во организмот. Премногу грубите линии и острите агли предизвикуваат напнатост и нервоза.
7. Премногу тесна облека
Не само што се чувствувате несигурно и воздржано во тесна облека, туку таа има и негативен ефект врз општата состојба на една личност. Таквата облека ја задржува енергијата во рамките и ја спречува да избие, што ја прави личноста да чувствува слабост и поспаност во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.