Влада без Албанците нема да има. Без разлика дали на идните избори ќе освојат 61 пратеник или не, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе се формира Влада со некои од албанските партии. Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски во емисијата 200 на Алсат изјави дека ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори сака да соработува со албанската опозиција и не ја исклучи можноста од предизборни коалиции.
– Несомнено, стабилноста и функционирањето на систамот, независно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 пратеник, или 65 пратеници, потребен ќе биде претставник од албанскиот политички блок и заради една друга причина, обезбедување на Бадентерово мнозинство кое е значајно за носење на некои круцијални закони. Но ние од оваа гледна точка во која се наоѓаме, посакуваме тоа да биде фронтот предводен од албанската опозиција која поскауваме да се окрупни, да биде се помасовна и заеднички опозицискиот фронт да биде посилен, рече Муцунски.
Пронајдете не на следниве мрежи: