Нови икони во светот на модата

Холивудски и музички ѕвезди кои ги диктираат модните трендови
Меѓу новите имиња, чиј стил ги поместува границите на модата и ги инспирира нивните обожаватели, се вбројуваат актерките Блејк Лајвли, Ема Вотсон, пејачките Ријана и Тејлор Свифт, но и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Поимот „модна икона“ многумина ги потсетува на холивудски легенди како Елизабет Тејлор, Одри Хепберн или Мерилин Монро, кои, покрај своите актерски достигнувања, оставија силен печат и во модниот свет, благодарение на својот специфичен и беспрекорен стил. Но, промената на генерации донесе и нови ѕвезди во светот на шоубизнисот и модата, чиј стил и израз ги поместува модните граници и ги инспирира нивните обожаватели.
 
Блејк Лајвли
Актерката, која се прослави со улогата на Серена ван дер Вудсен во телевизиската серија „Озборувачка“, секогаш изгледа прекрасно на црвениот килим, а нејзини модни идоли се Кетрин Хепберн, Грејс Кели и Одри Хепберн. Лајвли обожава да експериментира со својот изглед и на речиси секој настан изгледа поинаку, особено кога е во прашање фризурата, а обожава и да ги покажува своите долги нозе. Инаку, актерката, која претходно излегуваше со ѕвездата Леонардо ди Каприо и со својот партнер од „Озборувачка“, Пен Беџли, минатата година стапи во брак со актерот Рајан Рејнолдс, со кого се запозна на снимањето на филмот „Зелениот фенер“ во 2010 година.
 
Кејт Мидлтон
Стилот на војвотката од Кембриџ полека еволуираше од безбедно конзервативен до шик и модерен. Таа вешто ги комбинира дизајнерските парчиња со оние од „хај-стрит“ бутиците, а честопати е забележана како омилената облека ја носи и по неколку пати. Кога станува збор за дизајнерите, Мидлтон ги поддржува британските таленти како Елис Темперлеј, Сара Бартон за „Александер Меквин“ и Џени Пекам, додека парчињата кои ги купува во продавниците на „Зара“, „Рајс“ и „Вислс“ ги снемува за неколку минути од полиците, веднаш откако ќе се појават првите фотографии од војвотката облечена во нив. Мидлтон, која, меѓу другото, има и импресивна колекција на шапки, изгледаше беспрекорно дури и по породувањето, кога од болницата излезе облечена во небесно син фустан со бели точки, дело на дизајнерката Џени Пекам.

 
 
Ема Вотсон
По завршувањето на филмскиот серијал за Хари Потер, младата актерка, која цели 10 години го играше ликот на Хермиона во филмовите, ја скрати долгата кадрава коса и се појави во јавноста со елегантна кратка коса, која ги одушеви модните критичари. Според Вотсон, која може да се забележи во првите редови на ревиите на „Шанел“ и „Барбери“, модата овозможува слобода за преобразба преку изборот на облека и фризура, иако самата смета дека нејзиниот стил е „по малку здодевен“.Актерката беше заштитно лице на „Барбери“ за колекциите есен-зима 2009 и пролет-лето 2010 година, а една година подоцна ја доби наградата „Икона на стилот“ од британското издание на магазинот „Ел“, а и ја врачи модната креаторка Вивиен Вествуд. Во 2011 година, Вотсон стана лице на козметичката компанија „Ланком“, а соработуваше и со модниот бренд „Пипл три“, кој се залага за фер трговија.
 
Лејтон Мистер
Мистер е уште една од ѕвездите на серијата „Озборувачка“ и, како и нејзиниот лик во шоуто, богаташката Блер Валдорф, актерката е секогаш облечена во најтрендовски модни парчиња. Нејзиниот стил честопати е опишуван како смел и контроверзен, а како главен „виновник“ за својот моден израз Мистер ја наведува токму популарната серија, која, според неа, ја охрабрила и ја направила посвесна околу светот на модата. Младата актерка во една прилика изјави дека размислува околу промовирање на нејзина сопствена модна линија.
– Колку повеќе размислувам околу идејата, толку попривлечна ми се чини. Не знам дали тоа би било наскоро, но навистина би сакала да соработувам со некое име од модниот свет. Проблемот е што им се одушевувам на толку многу дизајнери и на толку различни стилови, што би ми било тешко да се определам за само еден стил – изјави Мистер, која е прилично голем фан на британската модна сцена.

 
 
Ријана
Без разлика дали носи фустан или маичка и кратки шорцеви, аренби пејачката секогаш успева да остави впечаток. Кога Ријана си ја скрати косата во 2007 година, фризерските салони одеднаш беа преплавени со барања од клиентките, кои бараа фризура идентична на онаа на младата музичка ѕвезда. Инаку, Ријана годинава ја промовираше својата втора колекција за модниот бренд „Ривер ајленд“, направена во спортски, урбан дух, а ќе добие и свое модно реално шоу, Styled to Rock, кое ќе започне да се емитува на 5 ноември на телевизискиот канал „Стајл нетворк“.
 
Тејлор Свифт
Оваа кантри-поп ѕвезда, позната по емотивните песни и кадравата руса коса, се одликува со едноставен, но елегантен стил. На црвениот килим најчесто се појавува во долги фустани без прерамки, а меѓу нејзините омилени креатори се вбројуваат Ели Саб, Рим Акра и Кофман Франко. Сепак, во последно време, може да се забележи дека пејачката полека ги напушта омилените светкави парчња и дека нејзиниот стил станува позрел. На поновите случувања, Свифт беше облечена во ретро-фустанчиња, тесни фармерки, но и во минималистички бел долг фустан.
 
 Поимот „модна икона“ многумина ги потсетува на холивудски легенди како Елизабет Тејлор, Одри Хепберн или Мерилин Монро, кои, покрај сво

Пронајдете не на следниве мрежи: