Обожавателите се бесни на Болдвин по изјавата за сопругот на починатата снимателка: „Се надевам дека ќе профитира“

Неодамна се одржа премиерата на филмот „Рѓа“ на чие снимање беше убиена кинематограферката Халина Хачинс, но на него не присуствуваше Алек Болдвин.Имено, актерот Алек Болдвин , кој е и ѕвезда на филмот, изјави дека не ја гледал финалната верзија на филмот и не планира да ја гледа.Иако не го гледал филмот, сакал да биде објавен за да им ги врати парите на инвеститорите. Тој исто така изјави дека се надева дека сопругот на Хали, Мет Хачинс, ќе може да профитира од филмот.„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат оставени на цедило. Се надевам дека филмот ќе биде добро и дека Мет ќе ги добие неговите пари.Склучивме договор со него и сакам да го испочитуваме. Луѓето кои велат дека профитираме од филмот, тоа е апсолутно погрешно“, рече Алек, пренесе TMZ.Болдвин истакна колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство и дека поради тоа нема да го гледа филмот.„Ова е најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Покрај самите жртви, најмногу ме боли тоа што и беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме еден на друг да си дадеме ветар во грб и да се оддалечиме од овие работи затоа што филмот засекогаш ќе биде во сенка на она што се случи“, истакна актерот.По гореспоменатата изјава, многу од фановите коментираа дека изјавата на Алек Болдвин дека се надева дека сопругот на жртвата Халин Хачинс ќе профитира по филмот е несоодветна.Некои дури и му замериле, пренесува TMZ.Но, сопругот на жртвата снимател во оваа прилика не се огласи

Пронајдете не на следниве мрежи: