Очилата за сонце се неизоставен дел од комбинациите во текот на целата година, особено во лето. Освен што се одличен моден додаток, тие имаат и практична и здравствена функција, бидејќи штитат од штетното УВ-зрачење. Оваа година во мода е футуристичкиот дизајн, но и златната боја на рамките, а во продолжение погледнете ги моделите што ќе бидат популарни ова лето.
Златни рамки
View this post on Instagram
Без разлика дали се тркалезни или квадратни, очилата за сонце треба да бидат златни. Можете да изберете помеѓу потенки или подебели рамки, но едно е сигурно, ова лето ќе блескате на сонце.
Геометрија
View this post on Instagram
Изберете рамка која е дополнително геометриски обликувана. Без разлика дали сакате тенки очила за сонце, долги, квадратни или правоаголни, овој пар очила ќе ви дадат посебен, модерен изглед.
Проѕирни рамки
View this post on Instagram
Овој вид очила за сонце одговара со секоја комбинација на облека, а можете да изберете шарено стакло ако сакате да бидете уникатни.
Патување во иднината
View this post on Instagram
Секој сака новини во модниот свет, а очилата за сонце не се исклучок. Футуристичките форми оваа сезона се насочени кон самото стакло, така што ќе има голем број интересни модели ова лето.