Петмина албански државјани избегале од грчки затвор

Пет албански државјани во петок вечер побегнале од грчкиот затвор Трикалас, а при бегството дошло до вооружена пресметка со затворските чувари, при што биле ранети двајца полицајци, пишува весникот „Шекули”.

Истиот извор наведува дека во вечерните часови во затворот пристигнале две комбиња од каде што бил отворен оган врз затворот. Потоа реагирала затворската полиција, при што дошло до престрелки и во затворските простории.
Засега не се соопштени имињата на пребегнатите затвореници, кјои според весникот „Шекули”, се албански државјани.
Макфакс
Пет албански државјани во петок вечер побегнале од грчкиот затвор Трикалас, а при бегството до

Пронајдете не на следниве мрежи: