Повредата на Ѓоковиќ не е сериозна

Повредата на Новак Ѓоковиќ не е сериозна, во прашање е само нагмечување на зглобот, стои во соопштението на интернет страница на најдобриот светски тенисер.

„Новак Ѓоковиќ во вторникот ги изврши сите неопходни лекарски прегледи, кои покажале дека нема никакво оштетување на лигаментите и на зглобната капсула, се работи само за полесна повреда на зглобот. Покрај терапијата Ѓоковиќ ќе мора да мирува во следните неколку денови. Во зависност од тоа како ќе тече процесот на рехабилитација ќе биде донесена и одлуката дали тој ќе настапи на турнирот во Монте Карло“, стои во соопштението. Ѓоковиќ се повреди во третиот гем од првиот сет, на мечот со Сем Квери одигран во Дејвис купот. И покрај повредата Ѓоковиќ остана на теренот го совлада Квери со 3:1 и ја однесе Србија во полуфиналето каде противник ќе и биде Канада.
Makфакс
Повредата на Новак Ѓоковиќ не е сериозна, во прашање е само нагмечување на зглобот, стои во со

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.