Половина од новите заразени во Грција се туристи од Србија
Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.
Српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во Србија. Забележани се случаи на заглавени патници кои чекаат со часови на границата меѓу Бугарија и Грција.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.