Предлог за денешниот ручек: Говедски гулаш со печурки

Богат гулаш со говедско месо и печурки, одличен ручек за целото семејство.

Состојки:

  • 500 гр говедско месо од бифтек
  • малку сончогледово масло
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • 15 гр сланина
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка вегета
  • 1/3 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка мелена црвена слатка пиперка
  • 1/4 лажичка сува мајчина душица
  • 1 ловоров лист
  • 1/2 коцка за супа од говедско месо
  • 1 лажичка путер
  • 100 гр печурки
  • 1 лажичка доматен концентрат
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 500 мл вода

Подготовка:
На загреано масло пропржете ја сланината исечкана на коцки. Кога ќе порумени, извадете ја во чинија.

Говедскиот бифтек исечете го на коцки или ленти, посолете го и пропржете го на маснотијата од сланината. Кога месото ќе порумени, извадете го во чинијата со сланината.
Во истата маснотија пржете го исечканиот кромид и морковот исечкан на коцки. Додадете го сечканиот лук, па додадете ја мелената црвена пиперка. Промешајте кратко.

Додадете вода, телешката коцка за супа, ловоровиот лист, вегета и сушена мајчина душица. Вратете го месото со сланината, покријте го и варете час и половина.
Растопете го путерот и пропржете ги печурките. Кога печурките ќе заруменат, ставете ги во садот со месото. Додадете доматен концентрат измешан со малку вода, покријте и варете уште 1 час.

Кон крајот измешајте го брашното со малку вода и измешајте го во кулашот. Додадете бибер и сечкан магдонос и варете неколку минути.
Послужете го гулашот со варени тестенини, ориз, варен компир или пире од компир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.