10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
- Мајката кокошка го превртува нејзиното јајце околу 50 пати дневно, со цел жолчката да не се залепи за лушпата.
- Просечната кокошка произведува околу 300 јајца годишно. Започнувајќи на возраст од 19 недели, таа останува продуктивна во текот на 12 месеци.
- Како што старее кокошката, произведува поголеми јајца.
- Јајцата со бела лушпа се производ на кокошки на кои долниот месест дел од увото им е бел и имаат бели пердуви. Кокошките на кои овие два дела од телото им се црвени, несат јајца со кафеава лушпа.
- Бојата на јајцето не е сврзана по никаков начин со квалитетот или вкусот. Не постои разлика во хранителните состојки на јајцата со различна боја на лушпата.
- Најголемото јајце кое се појавило во светот имало 5 жолчки. Многу честа појава се јајцата со 2 жолчки. Тие се резултат на многу брза овулација и најчесто се продукција или на многу млади кокошки или на кокошки кои се кон крајот на нивниот продуктивен период.
- Кина е најголем производител на јајца – околу 160 милијарди годишно. Во САД, 260 милиони кокошки произведуваат околу 65 милијарди јајца годишно.
- Лушпата на јајцето на својата површина може да има околу 17 000 пори. Преку нив тоа може да добие различна миризба. Затоа, со цел јајцата да останат посвежи е потребно да се чуваат во картон.
- Ако имате две јајца од кои едното е варено, а другото сурово и сакате да дознаете кое е кое – завртете ги. Ако јајцето се врти лесно, тоа е вареното јајце. Суровото јајце ќе се врти или многу бавно или воопшто нема да се врти.
- Дали едно јајце е пресно или не, можете да дознаете ако внимателно го пуштите во сад со млака вода. Ако јајцето е свежо веднаш ќе пропадне на дното на садот и ќе остане таму. Јајцето кое плови на површината на водата, најверојатно е расипано. Кај пресно јајце жолчката секогаш е тркалезна и истакната над белката, а белката од своја страна не се разлева и останува блиску до жолчката.