Сладок доручек од стар леб ГОТОВ ЗА ПОЛОВИНА ЧАС: Одличен и кога ќе се олади!

Состојки:
8 парчиња леб (бел)
2 грст суво грозје
3 лажици шеќер во прав
3 јајца
300 мл млеко
1,5 лажици путер
1 лажичка мелен цимет
1 кафена лажичка морско оревче

Подготовка:
Подмачкајте го со путер огноотпорен сад и кришките леб. Половина од парчињата леб исечкајте ги на триаголници и распоредете ги на дното. Посипете со една лажица шеќер и половина од сувото грозје. Покријте со уште еден слој леб и повторете ја постапката. После тоа, изматете три јајца и додадете млеко. Прелијте ја смесата врз лебот и оставете да отстои 10-20 минути. Се пече во загреана рерна на 180 °C околу 20 минути. Посипете со малку цимет и морско оревче и остатокот од шеќерот и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.