Косовскиот премиер Хашим Тачи во понеделник изјави дека седмата рунда од преговорите во Брисел со српскиот премиер Ивица Дачиќ била „маратонска“, но тој искажал намера да се оди напред и истакна дека ставовите на САД и Косово се идентични.На седницата на косовската Влада, Тачи оцени дека ставовите на Косово се „исклучително јасни“ и дека го уважуваат целосното почитување на Уставот, Законот за локална самоуправа, планот на Марти Ахтисари и највисоките стандарди на ЕУ.„Беше тоа добра можност да одиме напред кон завршување или постигнување договор, за да се прејде од фазата на вековна конфронтација меѓу Косово и Србија, во нова фаза на добрососедски односи и соработка. Се надевам дека таа шанса не е изгубена и дека тоа ќе се поправи на 2 април. Нашите ставови во Брисел беа и натаму се во целосна согласност со ставовите на САД, ЕУ и НАТО“, рече Тачи.
Макфакс
Косовскиот премиер Хашим Тачи во понеделник изјави дека седмата рунда од преговорите во Брисел со српскиот премиер Иви