Три лица повредени во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш



Како што информира портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено

Вечерва околу 18 часот на патот Струмица – Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци, се случила сообраќајна несреќа во која полесно се повредени три лица, објави МИА .

Како што информира портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото на сообраќајката увид извршила полицијата.

За тоа време, собраќајот се насочувал по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: