Унион Берлин го запиша четвриот триумф по ред во германската Бундеслига, па привремено го презема првото место на табелата и го прескокна Баерн Минхен, после триумфот со 2-1 против Мајнц во 19-то коло во германската елита во кое, Борусија Дортмунд му одржа лекција на Фрајбург во дербито за ЛШ и го победи со 5-1.
Сибачеу шест минути пред крајот на Унион Берлин му ја обезбеди новата победа, откако Ингвартсен прет минути претходно, во 79-та од пенал израмни за Мајнц, а домаќините и новите лидери водеа по пола час игра со голот на Беренс.
Унион берлин сега има 39 бода, два повеќе од Баерн Минхен, кој утре го игра својот меч на гостувањето кај Вилфсбург.