Хрватското гратче со 5.000 жители е меѓу најубавите тајни места во Европа

„Есента е најубавото годишно време за шетање низ Европа затоа што има помалку туристи, а времето е пријатно. Многубројни европски природни паркови и краеви едноставно се восхитувачки во ова годишно време кога лисјата ќе ја променат својата боја во жолта, портокалова и црвена“ – вака ја започнува својата статија „Culture Trip“ за 11-те тајни европски локации кои треба да се посетат оваа есен.
На прво место се нашло хрватското гратче Буе.
„Медитеранската клима го прави Буе идеално место за одгледување на винова лоза, а на тоа подрачје има 23 винарии. Бидејќи есента е годишно време кога се прави виното, идеална можност е да се запознаете и со локалните винари и нивните производи“ – пишува познатиот портал.
До следната блиска локација не моравме долго да чекаме затоа што на второто место се наоѓа Мостар во соседната држава на Хрватска, Босна и Херцеговина.


„Еден од етички најразновидните градови во Босна и Херцеговина, Мостар, носи “лузни“ од тешкото минато, но и содржи прекрасен мост од отоманското време кој го добил името “Стар мост““ – пренесуваат од „Culture Trip“.
Сè уште не се поместуваме од поранешна Југославија затоа што на третото место е словенскиот град Пиран.
„Сместен на јадранското крајбрежје, Пиран се опишува како словенската Виена поради неговата добро сочувана венецијанско-готичка средина. Во текот на летото таму има метеж па затоа есента е идеалното годишно време за да го посетите Пиран“ – советуваат од сајтот.
Целата листа од 11-те тајни локации изгледа вака:


1. Бује, Хрватска;
2. Мостар, Босна и Херцеговина;
3. Пиран, Словенија;
4. Angles-sur-l’Anglin, Франција;
5. Халстат, Австрија;
6. Ротенбрг,Германија;
7. Orta San Giulio, Италија;
8. Скиптон, Велика Британја;
9. Бесалу, Шпанија;
10. Český Krumlov, Чешка;
11. Колмар, Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.