ЦУК: Водата во Крушево да не се пие, за готвење и миење да се преврива најмалку 10 минути

Од РЦУК – Битола го пренесуваат известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп дека по примероците земени на 20.07.2026 година, водата од чешмите Св. Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење.

Од ЈП „Комуна“ – Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи флаширана вода, а за готвење и миење се препорачува водата пред употреба да се преврива најмалку 10 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: