Чешка воведува гранична контрола со Словачка

Владата на Република Чешка објави дека ќе започне со проверки по должината на границата со Словачка во обид да го реши миграцискиот бран.

„Чешка воведува случајни гранични контроли со Словачка поради зголемениот прилив на мигранти во Европската Унија“, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека Чешка се координира со Полска, која исто така воведува слични гранични проверки.

Министерот за внатрешни работи на Чешка, Вит Ракушан, најави дека граничните контроли ќе се вршат по случаен избор до 13 октомври, а подоцна ќе се донесе одлука за евентуално продолжување на таа практика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.