Чуркин: Формирањето војска на Косово е опaсност за регионот

Трансформацијата годинава на Безбедносните сили на Косово во целосни вооружени сили ќе претставува опасност за стабилноста на целиот регион, изјави во петокот навечер во Советот за безбедност при Обединетите нации, постојаниот руски претставник Виталиј Чуркин.

 „Безбедносните сили на Косово се пополнети од Албанци, од кои повеќето претходно биле припадници на бунтовничките групи. Тоа го гледаме како потенцијално загрозување на регионалната стабилност”, изјавил рускиот претставник на синоќешната седница на Советот за безбедност посветена на Косово.
Чуркин, исто така, им обратил внимание на присутните на зголемената големоалбанска реторика, на изјавите на Приштина да биде покровител на сите етнички Албанци, независно од државите во коишто тие живеат.
„Тоа, претставува чекор кон дестабилизација, не само за Косово, туку и за соседните со Србија земји – Македонија, Црна Гора и Грција”, додал рускиот претставник во Советот за безбедност на ОН.
„До стабилизирањето на ситуацијата на Косово има уште многу. Проблемите во регионот може да бидат надминат исклучиво со политички средства”, заклучил Чуркин.
Makфакс
Трансформацијата годинава на Безбедносните сили на Косово во целосни вооружени сили ќе претставува опасност за стабилн

Пронајдете не на следниве мрежи: