Анастасија Ражнатовиќ за неколку месеци ќе му роди ќерка на партнерот, фудбалерот Немања Гудељ, а следната година планираат интимна венчавка во Севиља, но и гала свадбена прослава.
Анастасија ќе се породи во Шпанија, а веќе некое време не се разделува со Гудељ и не доаѓа дома од Севиља.
Иако сакаа да го скријат тоа од сите, вчера медиумите ја обелоденија убавата вест и најавија засилување во семејствата Ражнатовиќ и Гудељ, а Анастасија конечно ја покажа фотографијата на која можеме да го видиме трудничкиот стомак.
-Љубов наша, едвај те чекаме, напишала Анастасија, а на фотографијата ја гледаме и Гудељ како со насмевка на лицето ја допира нежно по стомакот.