ЉУБОВНИЦАТА НА ШПАНСКИОТ КРАЛ ШОКИРАШЕ СО ПРИЗНАНИЕТО: “Бараше да му ги вратам парите, а кралицата влезе во собата и ми го кажа ова”


Поранешната љубовница на шпанскиот крал откри детали од нивната врска и ја шокираше јавноста со брутална исповед.

Поранешната љубовница на пребегнатиот шпански крал Хуан Карлос , Корина цу Зин Витгенштајн ги откри сите детали од нивната поранешна врска во подкастот „Корина и кралот“.

Хуан Карлос е познат како некој кој завел многу жени , додека поради зголемениот се*суален нагон морал да вбризгува женски хормони, бидејќи наводно неговиот нагон бил закана за државата.

Во подкастот, Корина зборуваше за нивното патување во Боцвана во 2012 година, додека познато е дека тоа предизвика голем скандал во Шпанија. Според претпоставките, двајцата биле во врска од 2004 до 2009 година , додека се верува дека оваа врска одиграла голема улога во неговата абдикација во 2014 година.

Страсна врска

Според неа, кралот изразил голема желба да отпатува во Боцвана за да го прослави 10-тиот роденден на нејзиниот син. Хуан Карлос на одмор понел со себе неколку кутии вино, после пијанството се разбудил со болки не сеќавајќи се на ништо.

Корина била испратена во Шпанија со приватен лет, а патувањето и сите трошоци што ги платил сирискиот бизнисмен биле чувани во тајност од владата, пренесува „Дејли мејл“.

Нивната врска доживеа голем одзив во јавноста, додека кралот го навлече гневот на својот народ , бидејќи живееше арогантно и покрај економската криза што ја зафати неговата земја. Тој отиде чекор понатаму откако се фотографираше со мртов лав, додека активистите за права на животните бурно реагираа.

Љубовницата Корина исто така била окарактеризирана како убиец на слонови, а се верувало дека Хуан Карлос уживал во лов и во Боцвана.

Справување со последиците и медиумскиот притисок

И покрај тоа што Корина доживеа голем медиумски линч, на Хуан Карлос не му беше грижа, а по смртта на нејзиниот татко си најде нова љубовница. Корина во подкастот откри дека била преокупирана со грижата за својот болен татко и дека не можела да му се посвети на кралот.

Дека Корина во тоа време се соочила со огромен притисок, но и со непријатни ситуации сведочи и средбата со Софија , сопругата на Хуан Карлос.

„Кралицата Софија бесно упадна во собата. Покажа кон мене и ми рече дека знае која сум. Сакав да пропаднам во земја “, рече Корина.

Наместо да ја реши ситуацијата, Хуан Карлос во тој момент бил збунет, и не знаел како да се справи со непријатната ситуација.

Покрај романтичните дружења, Корина откри и детали за обвиненијата за корупција со кои се соочи Хуан Карлос пред да абдицира. Имено, таа истакнала дека редовно го гледала кралот како се враќа од патување со полни вреќи со пари, но дека никогаш не и кажал од каде му се парите.

Таа исто така тврдеше дека била цел на малтретирање и шпионажа од страна на Карлос, тврдејќи дека тој и се јавувал и по 10 пати на ден користејќи лажно име.

„Тој ќе се јавеше на некој што има одлични вина и ќе речеше дека му се допаѓаат, следно што ќе се случи беше 20 пакети од тоа вино пристигаа на адреса. Го гледав како се враќа од патување со вреќи полни пари , за кои велеше дека му припаѓаат на пријател“, рече Корина, опишувајќи го Хуан Карлос како смешен и упорен љубовник .

Му се допаднала бидејќи го прекршила протоколот

Нивната средба се случила на забава во Шпанија, додека таа тогаш била во брак, иако живеела одвоено од сопругот. Откако ја напуштила забавата пред кралот да заврши со јадење, Корина веднаш го привлекла неговото вниманиe, бидејќи со тоа го прекршила протоколот. Тоа било многу храбар потег за него, што му се допаднало.

Откако се развела од сопругот, страсните односи со кралот станале поинтензивни, додека тој цел ден ја викал користејки лажно име „Господин Сумер“ што во превод значи Неговото Височество Кралот.

Корина се обидела да ги измами колегите дека се работи за деловен повик, но тие успеале да разберат за кого се работи поради специфичниот глас на кралот.

Кога нивната врска завршила, кралот побарал од неа да ги врати 65-те милиони евра кои ги префрлил на нејзината банкарска сметка во 2012 година. Таа сума беше клучен доказ за корупција во случајот против поранешниот крал и причина за неговото бегство во Абу Даби во 2020 година.

„Ми стана сè појасно дека тој не води двоен живот, туку петкратен. Има нешто прилично непромислено во него. Замислете од некој кој вели дека сте љубовта на неговиот живот да ве стави под кривична истрага ” рече таа.

Во својата тужба пред Високиот суд, Корина тврди дека Хуан Карлос и предизвикал огромна душевна болка затоа што ја шпионирал и ја малтретирал. Поранешниот крал ги отфрли сите обвиненија, а неговите адвокати тврдат дека тој има право на имунитет како постар член на шпанското кралско семејство.

Пронајдете не на следниве мрежи: