Вистински хаос настана во Советот на Град Скопје откако советниците кои ги поддржуваат политиките на градоначалничката Данела Арсовска во советот открија два мега скандали за делувањето на ВМРО-ДППМНЕ против интересите на Скопјани.
Откако советничката Ирена Витина откриј дека градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски стои зад бунтот во КХС кој би догооворен на состанок со претседателот на синдикатот во КХС, Делија Дарлишта за што беше објавена и фотографија и откако Трајановски откриј дека најблискиот човек на Мицкоски, Златко Перински вработил 200 партиски војниви во една недела во Водовод, пристигнаа закани по животот на заменик градоначалникот.
Имено координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска додека, Трајановски беше на говорницата му се закани на Трајановски дека повторно ќе биде претепан.
Таа му се обрати со зборовите: Ќе јадеш ќотек пак, ќе плачеш.
На ова Трајановски во своето обраќање одговори дека не се плаши по што му беше одземен зборот од страна на претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.