Американскиот претседател Доналд Трамп сака што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој додаде дека сега се работи на утврдување на можна локација и датум за состанокот, како и на темите.
„Претседателот Трамп веќе јавно го даде овој предлог за состанок. Треба да се работи на организирање на таков состанок. Затоа не можам точно да кажам што е планирано во овој момент во однос на изборот на место и датум, но претседателот сака да го стори тоа и тоа што е можно поскоро. Мислам дека и руската страна изрази подготвеност да го стори тоа. Значи, сега е прашање на собирање на сите и утврдување каде и кога ќе се одржи тој состанок и за што ќе станува збор“, рече Рубио во интервју за Си-Би-Ес.