Важат за големи „ривалки“ на естрадата, а нејзината снаа и пееше на мекиците на Цеца: Еве кои познати личности славеа за Жељко во вилата

Loading...

Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ вчера се породи и на свет го донесе синот Жељко. Токму по тој повод, Цеца во својата вила на Дедиње организираше голема прослава за својот внук.


Цеца и Анастасија снимија дел од атмосферата од прославата.


Освен семејствата Ражнатовиќ и Родиќ, на забавата присуствуваа и познати личности меѓу кои Александра Пријовиќ, која е снаа на Лепа Брена за која важи дека со Цеца се големи „Ривалки“.
Меѓу гостите беа и Марина Висковиќ, Јована и Жељко Јоксимовиќ, водителката Душица Јаковлевиќ, пејачот Ацо Пејовиќ и многу други.

loading...