Македонско-српската компанија ,,КЕПС МОНТ” деновиве е во процес на стекнување на Б еко-дозвола за преработка на згурата од велешката Топилница. Имено, во процесот на консултации е вклучена консултантската куќа G-KONSULT од Скопје, којашто се поврзува со Мартина Блинкова-Дончевска, внука на генералниот Инспектор за животна средина Дарко БЛИНКОВ. Дарко Блинков, виш член на Државниот инспекторат за животна средина, се очекува да изврши инспекциски надзор во КЕПС МОНТ. Оваа фирма беше бранета од неговата внука на јавната расправа, што ја иницираше советничката група на Левица во Велес.
- Митко Чавков е пуштен на условен отпустПоранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден во случајот… Read more: Митко Чавков е пуштен на условен отпуст
- Поскапуваат гориватаОд полноќ поскапуваат горивата. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени… Read more: Поскапуваат горивата
- Казни од „Безбеден град“, 38 жалби во текот на априлКривичниот суд објавува дека во текот на месец април се регистрирани 38… Read more: Казни од „Безбеден град“, 38 жалби во текот на април
- Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“Откако Анџелика Васкез – која неодамна поднесе тужба против Кајли Џенер тврдејќи… Read more: Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“
- (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколницаГолем пожар во Визбегово – екипите на Противпожарната бригада се активни на… Read more: (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколница
Ваквата ситуација предизвикува загриженост поради потенцијален конфликт на интереси, како одраз на врската држава-бизнис во рамките на Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина. Надлежноста за работа на оваа компанија е во рацете на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, кој одби да присуствува на јавната расправа со експертите.
,,КЕПС МОНТ”, кој по втор пат бараше Б интегрирана еколошка дозвола, претходно доби дозвола од 2019 до 2023 година. Меѓутоа, во тој период беа отстранети само 0,025% од вкупно 2 милиони тони згура, а дестинацијата беше Куала Лумпур, Малезија. Новата дозвола има за цел да ги прошири активностите, вклучувајќи мелење и дробење на теренот на згура за продажба како вештачка минерална суровина. Но, отпадот содржи опасни метали како што се цинк, олово, кадмиум, бакар, арсен, индиум и талиум.
Левица остро се спротивставува на издавањето на дозволата од страна на градоначалникот Марко Колев, сметајќи дека тоа е тежок чин на непочитување на граѓаните на Велес. Иако експертската и граѓанската јавност едногласно беше против издавањето дозвола за време на јавната расправа, постои притисок да се отвори оваа еколошки чувствителна локација, која се смета за жешка еко-точка во Република Македонија.
Соопштение на политичка партија Левица
Пронајдете не на следниве мрежи:



