Израелските одбранбени сили објавија дека десетици нивни авиони погодиле цели во населбата Ал Фуркан во Газа.

На официјалниот профил на израелската армија на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) е објавено застрашувачко видео од нападот.
- Дали знаевте дека јадењето помалку храна всушност може да го отежни процесот на слабеење?
- Ожалостена мајка тужи компанија за вештачка интелигенција: „Мојот син се самоуби поради вештачка интелигенција, апликацијата го убеди да го стори тоа!“
- Аларм од ФАО: Цените на храната повторно растат
- Протекоа информации за контроверзни договори на владата на Орбан: Парите се делеле „со тупаници и капи“, еден инфлуенсер во фокусот
- Левица: Секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, речиси секое трето дете живее во сиромаштија
Израелските одбранбени сили тврдат дека населбата е „гнездо на теророт“ за Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека воениот одговор на Хамас во Појасот Газа „ќе го промени лицето на Блискиот Исток“.
- Државата Израел ќе го преврти секој камен за да ви помогне на сите. Ве молиме, останете силни бидејќи ќе го промениме Блискиот Исток – рече Нетанјаху, а неговите зборови ги објави неговиот кабинет.
Израелскиот премиер истакна дека Израел е во екот на воена кампања и додаде дека земјата се соочува со тешки денови.


