Во Србија викендов остри мерки: Што и како ќе работи

Loading...

Сите угостителски објекти во Србија денес и утре ќе работат од 6 до 14 часот, без оглед дали градина имаат или не . После тоа, дозволена е само достава, така што после 14 часот не е можно да се изврши дури и „шалтерска услуга“ во кафулињата и рестораните.
Одлуката за новите правила и построгите епидемиолошки мерки ги донесе Кризниот штаб за борба против вирусот корона по ново зголемување на бројот на заразени.
Што се однесува до продавниците за храна, тие и понатаму ќе можат да работат до 21 часот, како и досега.
Што се однесува до угостителските објекти во ски центрите, и независни и оние во хотелите, служењето храна и пијалоци за време на викендот ќе биде дозволено само на отворено – во градините. „Шалтерските“ услуги за објекти на патеките е исто така можно само до 14 часот.
Објектите од областа на угостителството можат да доставуваат храна и пијалоци 24 часа на ден.
Трговски центри, обложувалници, спортски сали …
Трговски центри, продавници за храна, обложувалници, казина, детски игротеки, спортски сали, фитнес центри, фудбалски балони и други спортови – исто така ќе бидат отворени од 6 до 14 часот за време на викендот.
Нови мерки се преземаат на барање на лекарите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека новите построги мерки, кои предвидуваат работата на угостителските установи да се скрати до 14 часот викендов, се донесени на барање на лекарите, бидејќи бројот на пациенти во болниците се зголемил .
Вучиќ истакна дека во Србија, за разлика од другите европски и светски земји, и покрај пандемијата, животот е нормален и без заклучувања и дека таа земја отсекогаш воспоставувала рамнотежа помеѓу заштитата на здравјето на луѓето и работата на економијата.

loading...