Вработените во Комунален сервис Валандово земаат задоцнети плати и се жалат дека биле оставени без плата за празниците.
– Останавме без плата за празниците, а сѐ уште немаме земено ни октомвриска плата, велат вработени во претпријатието за Инфомакс, а истите разбирливо побараа да останат анонимни.
- Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“Откако Анџелика Васкез – која неодамна поднесе тужба против Кајли Џенер тврдејќи… Read more: Уште една вработена ја тужи Кајли Џенер за дискриминација и злоупотреба: „Ја молев за помош“
- (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколницаГолем пожар во Визбегово – екипите на Противпожарната бригада се активни на… Read more: (Видео и фото) Голем пожар во Визбегово – горат стари возила кај обиколница
- Пожар во Скопје, гори депонијата во Шуто ОризариГолем пожар избувна на скопската обиколница во близина на Визбегиво, додека од… Read more: Пожар во Скопје, гори депонијата во Шуто Оризари
- Ужасна сцена на плажа во Ханиоти: Морето исфрли труп од делфин со морничави каснувања, туристите во страв од ајкулиТуристите во популарното грчко одморалиште Ханиоти беа изненадени од морничавата глетка што… Read more: Ужасна сцена на плажа во Ханиоти: Морето исфрли труп од делфин со морничави каснувања, туристите во страв од ајкули
- Американската војска ќе распореди 15.000 војници во „Операцијата Слобода“ во Ормутскиот теснецПовеќе детали за „Операцијата Слобода“ објави Централната команда на САД, воениот огранок… Read more: Американската војска ќе распореди 15.000 војници во „Операцијата Слобода“ во Ормутскиот теснец
Зошто платите доцнат и во каква состојба е Комунален сервис Валандово одговори побаравме од в.д директорот Глигорије Џилвиџиев кој истакна дека вработените секој месец земаат плата, меѓутоа за неколку месеци нназад.
– Доцниме со плата, секоја плата е задоцнета по неколку дена и се создало момент кога сега во декември имаат земено плата за септември. Претходните пролонгирања прават проблеми, вработените секој месец земаат плата но за неколку месеци наназад, вели в.д директорот кој додаде ека откако е назначен на позицијата се труди да ја намали разликата, секој месец да има плата, но и да се подмират останатите трошоци на претпријатието.
– Имаме и останати трошоци, мораме да ги сервисираме граѓаните, а од друга страна не можеме да ги покачиме сметките за да не биде тоа дополнителен терет за граѓаните. Општината исто така ни помогна, минатата година добивме три милиони денари од Општина Валандово но и тие пари се распределени дел за плати, дел за останати тековни трошоци, вели директорот кој додава дека сметката на претпријатието не е блокирана поради добро менаџирање на средствата.
Комунален сервис Валандово, како што кажа и в.д директорот моментално има 40 редовно вработени и во зависност од потребите има и договори за дело. Лицата кои претходно биле ангажирани преку агенција за привремени вработувања потоа биле редовно вработени во претпријатието за да не се издвојуваат дополнителни средства за Агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



