Американките Ејприл, Џенифер и Даниел се три жени кои делат еден сопруг Ник Дејвис (39) и таквиот брак одлично им оди. Сите живеат заедно во куќата и спијат заедно во креветот.
- Ник навистина бара, особено во кревет. Среќна сум што имам помош со него – откри Ејприл (38) која му е прва сопруга, пренесува The Sun.
- Голема акција на полицијата: Одземени пушки, пиштоли и муниција
- Моди ги повика Индијците да штедат гориво
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот
- СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус

Како што вели тој, ниту неговите сексуални потреби не се таков проблем, туку неговата необична личност. Ник не работи, бидејќи мисли дека нема потреба од тоа.
- Кралот ретко се движи на шаховската табла, а кралицата да – објаснува Ник.
Ејприл и Ник се запознале на колеџ и се заедно 15 години. Џенифер (25) ја запознала Ејприл на работа и се омажила за неа пред пет години.
- Џенифер е многу паметна и интелигентна, знаев дека на Ник ќе му се допадне веднаш – рекла Ејприл и додала дека Џенифер се чувствува непобедлива со нив.
Триото во својот динамичен живот го запозна Даниел (22) минатата година, а целиот процес е снимен во реалното шоу на TLC „Seeking Sister Wife“.
Веселиот тим неодамна го запозна најновиот член, а тоа е ќерката што ја роди Џенифер, малата Вера. Со нив живее и синот на Ејприл, Вилијам, на кого Ник не му е биолошки татко.
Ник се обидува да одвои време насамо за секоја од жените.
- Немаме точен распоред за секс, го правиме кога јас сакам или кога тие сакаат – рекол Ник и додал дека секогаш се забавуваат заедно.
– Сакам сите да бидеме среќни и задоволни – рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:


