Дали Мицкоски се договарал или преговарал со Касами околу неговата идеја за промена на македонските химна и знаме, праша потпретседателот на СДСМ и директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Тој во својата објава на социјалните мрежи додаде дека лидерот на БЕСА, Биљал Касами стана градоначалник на Тетово токму со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните чекаат итни одговори, потенцира Богоев.
- Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија
- Детал од тренингот на Ѓоковиќ што никој не го пропушти
- Трамп не запира: Ќе потроши 400 милиони долари за овој проект
- Кејт Мидлтон се враќа на должностите: Прва странска посета откако се разболе од рак
- Шпанската полиција заплени околу 40 тони дрога вредна милијарда долари
- Сигнал за бегство од земјата? Две третини од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителната клупа
- Трендафилов: Добивка од 881 милион евра кај 100 најпрофитабилни компании во земјава и работниците не биле продуктивни?!
- Индиска милијардерка носи ѓердан од 15 милиони долари: Тоа е само дел од нејзината раскошна колекција
- Инфлуенсер се јави од крузерот на кој владее хантавирус: Ние не сме само насловни страници, ние сме луѓе кои имаат семејства
Богоев го постави прашањето алудирајќи на вчерашната изјава на лидерот на Христијан Мицкоски дека по следните избори, ДУИ ќе замине во опозиција, а како можен коалиционен партнер доколку победи ја спомна албанската опозиција, во чии редови е и лидерот на БЕСА, Касами.
Претходно, Касами во гостување на Тв Сител рече дека е многу важно химната да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.
Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.
-Моите постапки се согалсно барањата на Албанците и тоа утре сакам да биде решено со закон како што е решено во делот со знамето. Сè додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на Македонците, а не се однесува на граѓаните односно на Албанците, на Турците и на другите етнички заедници, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна. За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна. Во овој дел мора да разјаснам, ние не сме против химната да се однесува на Македонците, но треба да се однесува и на Албанците, кажа Касами.
Темата со химната стана актуелна откако по општина Аеродром и Гази Баба веќе ја одобри одлуката наставата понеделнички да почнува со интонирање на државната химна. Според општините, целта е децата да имаат почит и љубов кон татковината уште од најрана возраст.
Пронајдете не на следниве мрежи:



