Највкусните домашни лепињи

Loading...

500 г брашно
250 мл млако млеко
170 мл газирана вода
20 г свеж квасец
2 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол
прстофат шеќер
Во длабок сад ставете ги квасецот, млекото и шеќерот, и промешајте со лажица за квасецот да се стопи.
Додадете ги водата, солта и 1 лажица масло, па постепено додавајте го брашното и мешајте со лажицата додека се соедини смесата.
Покријте го садот со кујнска крпа и оставете 30-тина минути тестото да стасува.
Повторно промешајте го тестото со лажица и оставете да стасува уште 20 минути.
Ставете го тестото на набрашнета работна маса, наросете го со брашно и поделете го на 6 парчиња.
Со раце расплескајте тркалезни форми и наредете ги во набрашнета тава. Покријте ги со кујнската крпа и оставете ги да стасуваат 15 минути. Секоја форма премачкајте ја со преостанатото масло и печете 20-тина минути на 200 степени. Испечените лепињи оставете ги да се изладат покриени со крпата.

loading...