Зеленски сакал да испрати порака за мир пред почетокот на финалето на СП во Катар, ФИФА ГО ОДБИЛА

ФИФА го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испрати порака до гледачите за важноста на мирот во светот пред да започне финалето на Светското првенство во недела.

Зеленски сакал да испрати порака за мир пред почетокот на финалето на СП во Катар, ФИФА ГО ОДБИЛА

Неименуван извор изјави за Си-Ен-Ен дека канцеларијата на Зеленски барала украинскиот претседател да им се обрати на навивачите во Катар преку видео-врска, но дека предлогот бил одбиен. Засега не се знае дали пораката на Зеленски требало да биде емитувана во живо или снимена порано.

„Мислевме дека ФИФА сака да ја искористи својата платформа за општо добро. Но, треба да се забележи дека преговорите меѓу Украина и управното тело на ФИФА се уште се во тек“, додаде изворот.

Ова малку необично барање не е изненадувачки во однос на украинската политика. Киев постојано се обидуваше да ги искористи големите светски настани, без разлика на нивната содржина, за да го привлече вниманието на војната во Украина.

Зеленски се појави преку видео врска во неколку различни ситуации; од самитот на Г20 до Греми и Канскиот филмски фестивал. Тој разговараше и со голем број новинари и познати личности, меѓу кои и актерот Шон Пен и американскиот телевизиски водител Дејвид Летерман.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.