Зошто го сакаме Барни Стинсон?!

Loading...

Хумор, бестрашност, брутална искреност, оптимизам и беспрекорениот  стил на однесување и облекување се она поради што  жените го обожаваат, а мажите му завидуват. Ѕвездата од „How I met your mother“  Барни Стинсон  ја има онаа улога на „женкар“ или „преварант“, а сепак на сите ни е омилен лик. Нормално, не секогаш се сложуваме со него, но тој навистина има своја мудрост, а неговите совети може  многу да ви помогнат:
-Една недела? Тоа е како година за добрите риби.
Колку подолго чекате да и се пуштите на некоја девојка, толку повеќе се намалуваат шансите нешто да се случи. Ако ви го даде нејзиниот број, веднаш јавете се, во рок од 24 часа. Ако сакате да излезете на состанок веднаш прашајте ја. Ако ви е пријателка и ви се допаѓа, кажете и го тоа. Ако мислите дека добро изгледа во фустанот кој го носи, не двоумете се да го признаете тоа. Ако сакате да ја бакнете – бакнете ја. Не двоумете се и не ја играјте играта на чекање. Поголемиот дел од  жените не чекаат.

– Многу девојки мислат дека архитектите се секси, размисли за тоа, можеш да направиш нешто од ништо. Вие архитектите сте како Бога. Не постои никој посекси од Бога.
Секоја работа има свои вредности, а вие никогаш не треба да ја намалувате вашата способност. Бидете горди на тоа што го работите! Не е важно ако сте програмер, писател, шанкер или машка медицинска сестра.
-Оделата се преполни со радост. Тие се кројачки еквивалент на бебешката насмевка.
 Не е правило дека мора секогаш да сте облечени во одело, но потребно е секогаш да изгледате добро. Доколку се убаво облечени испраќате порака дека се грижите за себе си, уредни сте и дисциплинирани, а тоа е квалитет што ве прави попривлечни.
-Запомтете: не е работата во ставање „рецки“ туку во верувањето дека тоа го можеш, иако најверојатно не можеш.
Верувајте дека сте најдобар, затоа што навистина и сте. Нема причина да мислите дека не можете да го добиете она што го сакате. Па дури и ако не можете нешто сега, секогаш може да вежбате и да учите како да го направите за следниот пат да бидете успешни. Дури и ако од десет девојки пројдеш кај две, тоа е успех, вели Барни
 – Посебните жени сакаат посебни мажи. Тоа нема никаква врска со телото или „колгејт“ насмевката. Тоа се однесува само на вашиот карактер. Дали сте човек од збор? Дали имате стил и почит? Се водите ли според високи стандарди? Дали сте позитивни? Дали ги озборувате луѓето?
Барни има огромна самодоверба, и верува дека е извонредна личност. Секогаш е позитивен, кога е тажен, престанува да биде тажен, туку продолжува да биде „згоден “ и понатаму! Секогаш покренува иницијатива за нешто и не прифаќа не за одговор.
„How I Met Your Mother“ е хуморстична серија за татко, Тед, кој им објаснува на своите две деца како ја запознал нивната мајка. Серијата е полна со комични моменти , се чини дека својата популарност ја доби токму поради ликот на Барни.Хумор, бестрашност, брутална искреност, оптимизам и беспрекорениот  стил на однесување и облекување се она поради

loading...