И Богоев ги нападна пратениците на СДСМ: Избрани се за да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат

После Андреј Петров, критики кон пратениците на СДСМ поради тоа што денес не беа активни во Собраните упати и Стефан Богоев.

„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владеачко мнозинство и се бира претседател на Собрание.

СДСМ треба да има конструктивна, но пред се корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го превземат опозицискиот простор!“, објави Богоев на „Фејсбук“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.