КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ВЛЕЗЕ ВО ДУЕЛ СО ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ?

Ликот на „хероината на денот“, жената која денеска храбро влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој пазареше во еден од скопските маркети, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева.

Значи може да се заклучи дека се работи за ангажиран партиски активист, за креирање на наратив кој што и одговара на партијата на Мицковски

На фотографијата (која може да се најде на интернет) Ацка е во друштво на Ачковска, познат активист на партијата ВМРО-ДПМНЕ

А, фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.

На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за политичка партија.

Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.

Името Ацка Станишева се споменува и во решението на Општина Карпош од февруари 2013 година во кое е објавен составот на избирачки одбори за локалните избори кои се одржаа во март таа година.

Станишева била избрана за членка на избрачки одбор како претставник на ВМРО-ДПМНЕ на избирачко место со број 2647.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.