Во Кина денеска во пресрет на Новата година започна гужвата според лунарниот календар, а во 40-те дена околу празникот се очекува рекорден број патувања од околу 9 милијарди.
Милиони луѓе кои се враќаат дома пред кинеската Нова година, која оваа година се слави на 10 февруари , во една од најголемите миграции во светот секоја година, ќе патуваат со сите достапни транспортни средства до нивните дестинации.
- Иран би можел до 10 атомски бомби за три до шест месеци – најнови проценки на американските разузнавачиВременската рамка за Иран за изработка на нуклеарно оружје е непроменета од… Read more: Иран би можел до 10 атомски бомби за три до шест месеци – најнови проценки на американските разузнавачи
- Бран семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведениВо изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет… Read more: Бран семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведени
- Хороскопски знаци кои се најлојални пријателиПријатеството на крајот се сведува на едно нешто: кој е покрај тебе… Read more: Хороскопски знаци кои се најлојални пријатели
- Доколку имате проблеми со спиењето, обидете се да го јадете ова овошје пред спиењеКвалитетниот сон е клучен за здрав живот, но честопати го занемаруваме. Недостатокот… Read more: Доколку имате проблеми со спиењето, обидете се да го јадете ова овошје пред спиење
- Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месециСомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да… Read more: Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци
Иако најголемиот дел од патувањата ќе се вршат со автомобил, се очекува и огромна побарувачка за воздушен транспорт . До крајот на празниците со авион треба да патуваат околу 80 милиони патници , што е зголемување за 9,8 отсто во однос на периодот пред пет години.
Покрај домашните дестинации, оваа година многу се бараат и летовите за други земји во Азија. Авиокомпаниите планираат да направат 2.500 дополнителни летови до најпопуларните дестинации како Јапонија и Јужна Кореја, пишува US News. Истото позитивно ќе се одрази и на оперативните резултати на кинеските аеродроми.
Шангајските Пудонг (PVG) и Хонгшао (SHA) очекуваат зголемување на патничкиот сообраќај за 57,6% за време на празничниот период, додека аеродромите во Пекинг се прогнозира раст од 60% .
Кинеската цивилна авијација до неодамна имаше проблеми со многу строги здравствени мерки, што значително го забави нејзиното закрепнување по пандемијата. Со укинувањето на ригорозните ограничувања, побарувачката за летови значително се зголеми.
Пронајдете не на следниве мрежи:



