Луѓето кои живеат покрај вода се поздрави и посреќни

 

Дури и ако  на имате среќа. Имено, истражувањата покажуваат дека животот покрај вода е исклучително добар за здравјето.
Новото истражување кое универзитетот во Ексетер, Велика Британија го спровел во Хонгконг покажува дека има врска меѓу живеењето покрај вода и доброто здравје. Освен тоа, тие утврдиле дека луѓето кои редовно во слободното време посетуваат места со природни водени површини, помалку патат од депресија.


Научниците велат дека минувањето време покрај вода е поврзано со позитивните чувства и дека водените површини би можеле да бидат важен извор за подобрување на јавното здравје. Дополнително, ако живеете на 10-15 минути одење до водата, поверојатно е дека во слободното време ќе одите таму, па користа може да биде уште поголема.
Подолгиот престој на тие места ја зголемува веројатноста за учество во активности како трчање на плажа, што ја подобрува емоционалната состојба.

Loading...