Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн.
Престрелката се случила на две локации во средата вечерта, јавуваат американските медиуми.
На прес-конференцијата во средата вечерта, комесарот за јавна безбедност на Мејн рече дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште е „во тек“.
Полициски извор изјави за Фокс њуз дека загинале 22 лица. NBC News јавува, повикувајќи се и на полициски извори, дека се ранети меѓу 50 и 60 луѓе.
- Неделковски: Стефковски наследи полна каса и готови проекти за да направи хаос
- Неготинец пријавил дека неговиот 74-годишен татко обљубил малолетничка!
- Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
- (Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
- Грција потпиша договор за набавка на 20 американски борбени авиони Ф-35
- Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно девојче
- Македонскиот пасош e рангиран на 41 место според „Henley Passport Index“
- Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку 120 тони вода
- Политико: Истрага во Европол!
- Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е странска државјанка
- Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Португалија
- Апел за помош: Алексеј има само три годинки и боледува од церебрална парализа – Потребни се 30.000 евра за операција
Полицијата во Лустон го идентификуваше Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн како главен осомничен, а на социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се подготвува да пука.
Потрагата по него се уште трае, а локалните власти веднаш го повикале ФБИ на помош.
Според полицијата, Кард е инструктор по стрелање. Надлежните соопштија дека се работи за лице за кое постои сомнеж дека е „вооружено и опасно“, поради што на локалното население му е кажано да не излегуваат од домовите доколку не мора.
Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот.
Канцеларијата на шерифот објави и слики од осомничениот, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки како држи пушка во позиција за пукање.
Кард, наводно, неодамна имал проблеми со менталното здравје што го ставиле во болница ова лето, според американската телевизија.
Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Во исто време тие два објекти се оддалечени околу 6,5 километри.
Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава.
Од локалната болница соопштија дека во тек е интервенција поради „големиот број жртви во масовниот напад“ и дека не можат да дадат информации за бројот на жртвите.
Гувернерката на Мејн Џенет Милс на платформата Х рече дека била известена за инцидентот и ги повика жителите да ги следат полициските упатства.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.