Мицковски пристигна во амбасадата на Соединетите Американски држави, каде ќе оствари средба со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.

Средбата се одвива во американската амбасада на барање на господинот Ескобар.
Дипломатската пракса укажува дека кога некој е повикан на терен на дипломатското претставништво, разговорот најчесто е непријатен за претставникот на земјата домаќин.
Денеска на заедничката прес-конференција во Владата на Република Македонија, Ескобар истакна дека Македонија ѝ е потребна на Европската Унија и дека нашата држава е голем пријател на САД.
Ескобар порача процесот на уставни измени да продолжи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



