Највкусната кремпита која сте ја пробале

6 жолчки
6 лажици шеќер
3 лажици масло
3 лажици млеко
6 лажици брашно

Фил:
6 белки
19 лажици шеќер
4 пудинга од ванила
1 литар вода
50 г шеќер во прав
Измешајте 3 жолчки со 3 лажици шеќер, по 1 1/2 лажица масло и млеко, и 3 лажици брашно. Од тестото развлечете кора, ставете ја во тава обложена со хартија и печете ја 10-тина минути на 200 степени. на истиот начин подгответе ја и втората кора.
Белките изматете ги со 15 лажици шеќер.
700  мл вода зовријте со преостанатиот шеќер. Додадете го размешаниот пудинг и варете додека се згусне. Непрекинато мешајќи додадете го топлиот пудинг во изматените белки. Откако филот ќе се соедини нанесете го на првата кора во тавата. Врз филот нанесете ја втората кора. Изладете на собна температура, па ставете во фрижидер. Изладената кремпита исечете ја на коцки и наросете ја со шеќер во прав.

 

 

Loading...