Очилата за сонце оваа сезона се во посебен фокус. Иако се неизбежен моден додаток секое лето, оваа година доминираат. Се појави цела колекција од нови хит модели.
Последен хит се очилата со стакла во облик на шестаголник, што го преплавија Инстаграм.
Големи или мали, сосема е исто, но најдобро е да одберете модел кој му одговара на вашето лице, со еден совет – да имаат шест агли.
Овие очила за сонце се појавија како совршена тренди алтернатива, за сите оние на коишто малите Matrix очила и оние во облик на срце – не им беа по вкус.
Во еден момент тие ќе ви понудат одличен изглед и ќе ве заштитат од сонцето, многу повеќе од минијатурните очила, што всушност намената за која се направени, не одговара поради моделот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.