Собранието на Албанија денеска ја прекина седницата поради нов инцидент, поради што членовите на Демократската партија ги превртеа столчињата во салата и се собраа на говорницата да ја блокираат седницата, пишува Албанскиот печат.
- СЕДМООДДЕЛЕНЕЦ ОД БИТОЛА ОБЈАВИЛ СПИСОК ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ
- Цената на нафтата надмина 101 долар
- НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: САД извршија удари врз ирански цели, ISW предупредува на опасен развој на конфликтот
- Избрана новата бугарска влада: Радев најави продолжување по европскиот пат, но со „критичко размислување и прагматизам“
- Една изборна единица е единствен пат до фер избори – зошто медиумите молчат
- ОБЛЕЧЕ ХЕЛАНКИ И ПОЧНА ДА КРЕВА ТЕГОВИ Вдовицата на Сингер (59) е воодушевена од видеото од теретана: „Убава сум сама на себе во секој поглед“
- Парламентот гласа за владата на Румен Радев
- (ВИДЕО) ПУТИН НА ТЕЛЕВИЗИЈА ГИ ОБЈАВУВА ЦЕЛИТЕ НА НАПАДОТ! На нишан пола влада, Зеленски, Германската и Американската амбасада
- Трамп: Примирјето останува, Иран е предводен од лудаци!
Пратеникот на Социјалистичката партија Џемаљ Кефалија физички се судри со пратеници од опозицијата. Тој, барајќи да не се поместуваат столчињата, ги турна Едмонд Спаха и останатите пратеници во Собранието.
Претседателката на Собранието, Љиндита Никола, најпрвин најави дека седницата ќе продолжи, но дојде и до „пресметка“ меѓу пратеникот од редовите на социјалистите Тони Гогу и пратеникот Ервин Салијани од опозицијата. Гогу Салијана ја нарече „камиказа на незаконитоста“.
На дебатата се вклучи и поранешниот премиер Саљи Бериша, кој го праша зошто се преправа дека е адвокат.
Бериша рече дека без враќање на уставните права, барајќи право на опозицијата да формира истражни комисии, нема да има ни собраниска седница и најави штрајк на опозицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



