Петровиќ ја напушти Цедевита

Loading...

Тренерот на Цедевита, Александар Петровиќ, непосредно по поразот на неговиот тим од Партизан со 76:77, поднел остака на функцијата.

Инаку, Партизан со неверојатен финиш успеа да стигне до победата, која ја обезбеди Милосављевиќ со кошот постигнат на 1,3 секунди до крајот на натпреварот. Петровиќ на прес конференцијата, одржана по натпреварот, на новинарите им рекол дека нема што да изјави бидејќи повеќе не е тренер на Цедевита, по што си заминал од салата. Цедевита, екипа со најголем буџет во АБА лигата, со поразот од Партизан ги загуби и теоретските шанси за пласман на завршниот турнир, а со тоа и шансите да избори евентуален пласман во Евролигата за следната сезона.
Макфакс
Тренерот на Цедевита, Александар Петровиќ, непосредно по поразот на неговиот тим од Партизан с

loading...