Петровска го посрамоти Ковачки: Јавното обвинителство веќе води истрага за сексуални малтретирања во Армијата

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, се покрена прашањето дали има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Република Македонија.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска не споделувајќи детали рече дека сè што имала за кој било случај, го дала и кажала пред надлежната служба во Министерството за одбрана и не се меша во работата на обвинителството.

„Во Секторот за воена безбедност и разузнавање постојат записи со мои изјави и сите информации кои сум ги имала, дали за овој случај дали за случај за мито и корупција, јас сум пријавила и сум дала информации на службата која е задолжена да ги прибира тие информации. Понатаму имате правници во пратеничка група и во партија, прашајте ги која е процедурата, кој ги води истрага. Ниту водам истрага ниту имам законско право да преземам дел од истрагата што ја води јавното обвинителството“, рече Петровска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.