Пилешко со мед и лимета

Loading...

Ако уште не сте смислиле што вкусно ќе зготвите денес, ви предлагаме да направите сочно пилешко со мед, лимета и сос од соја.
Потребни состојки:
– 8 парчиња пилешко (копан, надкопан)
– 8 чешниња лук
– 1 лажичка чили
– сок од една лимета
– сол, бибер
За прелив:
– 3 лажички мед
– 1 лажичка сенф
– 1/2 лажичка соја сос
– кора од една лимета


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го пилешкото со истолчениот лук, чили зачинот, сокот од лимета, сол и црн бибер.
Намачкајте ја тавата во која ќе печете со растително масло, а потоа наредете го пилешкото и ставете го во рерна претходно загреана на 200 до 220°C.
Потоа направете го преливот. Измешајте мед, сенф, соја сос и додадете ја изренданата кора од лимета.
Извадете го пилешкото и премачкајте го со оваа смеса. Вратете го во рерна, а потоа по 15 минути свртете го пилешкото и премачкајте го повторно.
Кога пилешкото месо е готово, извадете го од рерна и префрлете го на чинија. Како гарнир може да послужите рижото.

loading...