Повредениот Дарко, кој добива третман на повредите во кочанската Болница, сведочи за условите, но и за пожртвуваноста на персоналот.
– Условите не се толку добри, докторите се добри, а условите се лоши. Немаме лепенки, немаме стегачи, нема кај да ни ги измие раните докторката, во обичен умивалник ги мие. Завоите се од болницата, а лепенки, докторката баш вчера кажа, лепенки нашла сама и купила од сите аптеки во Битола за да донесе, да има за нас, од болницата немаме. Скоро се е на наш трошок, докторите ни кажаа во Белград дека најмалку две години (ќе трае третманот) и две години не смееме да ги изложуваме раните на сонце, да се пазиме од комарци. Персоналот дава се од себе, многу сме задоволни и од докторките и од персоналот, вели повредениот.



